Home » Денес ќе се знаат датумите на седниците за оставките и за изборот на техничката влада

Денес ќе се знаат датумите на седниците за оставките и за изборот на техничката влада

by Журнал

Претседателот на Собранието, Таlат Џафери денеска ќе ги соопшти точните датуми на седниците за оставки и избор на техничка влада, соопшти Собранието. Џафери денеска ќе има и неформална средба со претставници на медиумите на која ќе разговараат за тековните и идните активности на Собранието.

Како што претходно беше најавено, активностите во Собранието започнуваат со констатирање на оставките на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието, изборот на новиот претседател на Собранието, Јован Митрески, потоа известувањето на претседателот на државата за доделувањето на мандатот на новиот премиер, изборната влада, министрите, замениците министри и дополнителните заменици министри, како и изјавата за престанок на мандатот на Пратеник и верификацијата на мандатот на новиот пратеник во ИЕ 5.

Македонија до недела на полноќ (28 јануари) треба да има трета преодна влада на чело со Џафери. Се очекува актуелниот спикер на прес-конференција да соопшти кога ќе поднесе оставка.

Како што најави, утре премиерот Димитар Ковачевски ќе поднесе оставка, што ќе значи оставка на целата влада.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ потврди дека вечерва по партискиот Извршен комитет ќе ги соопшти имињата на техничките министри за внатрешни работи, за труд и социјална политика и за дополнителни министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.

Техничката влада се избира сто дена пред парламентарните избори на 8 мај, а две недели порано, на 24 април, ќе се одржат и претседателските избори. Подготовките и екипирањето на техничката влада се во тек, а се очекува да завршат до петок.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More