Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, објави дека е демолирана детска градинка која допрва требало да биде пуштена во употреба и ја повика полицијата да ги пронајде вандалите што побргу.
„МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон.
Направена е голема штета во новата граника во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година“, објави вечерва градоначалникот.
Костовски сподели фотографии од штетите и се надева дека зад случајот нема политички мотиви.
„Особено е осетливо тоа што станува збор за детска градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили.
Општина Бутел доживува ренесансен период, се гради како никогаш до сега ! Од таму АПЕЛИРАМ, не да уништуваме, туку напротив, да го чуваме тоа што го градиме макотрпно со нашите заеднички пари.
Искрено се надевам дека позади овој случај нема политика !“, смета Костовски.
Демолирана нова детска градинка во Бутел пред да биде отворена
46