Home » Демири: Родителите на невакцинираните деца нека се организираат за чување, не треба да ги праќаат во градинка

Демири: Родителите на невакцинираните деца нека се организираат за чување, не треба да ги праќаат во градинка

by Журнал

Тој упати порака до родителите со мали деца дека најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинацијата.

„Децата треба да се вакцинираат, па да се вратат во градинка. Ако не се вакцинирани, треба да ги прашате родителите како ќе го организираат чувањето на детето“, рече министерот одговарајќи на новинарски прашања.

Центарот за јавно здравје – Скопје прогласи епидемија на голема кашлица поради пораст на бројот на случаи.

Александар Петличковски, претседателот на Комисијата за заразни болести, минатата недела препорача забрана за прием на невакцинирани деца против пертусис во градинките и апелира сите што ја пропуштиле вакцинацијата со редовниот календар – да се вакцинираат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More