Home » Демири им порача на специјализантите да бидат трпеливи:„Повисоки плати по изборите“

Демири им порача на специјализантите да бидат трпеливи:„Повисоки плати по изборите“

by Журнал.мк

Министерот за здравство Илир Демири бара трпение од специјализантите кои бараат повисоки плати. Тој вели дека нивните барања имаат политичка позадина.

„Направивме една компарација каква беше нивната позиција пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика оти до 2017 година немаа никакви примања, имаа 0 примања. Сегашните примања не велам дека се задоволувачки, јас сакам да бидат нивелирани со примањата на еден специјализант кој е вработен во јавна здравствена институција, но за тоа треба буџет и ребуџетирање, кое сега пред изборите не може да се оствари. Нивните примања за три месеци се доволни да платат рата за специјализација, без да ги вклучам примањата што ги земаат како надоместок за дежурствата. Сигурно ова не е генерирано од проста желба да го подобрат нивниот социјален статус, економските примања, туку генерирано е и со политичка заднина. Независно од притисокот што може да го направат во јавноста, ова е реалноста. Зошто не се задоволни кога правиме таква компарација, која е драстична. Зошто баш сега се иницираат нивните барања е многу индикативно. Треба да се има трпение“, рече Демири.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More