Home » Дембеле за својот ладен однос со Луис Енрике: Ниту ми е татко, ниту е мој брат

Дембеле за својот ладен однос со Луис Енрике: Ниту ми е татко, ниту е мој брат

by Lina Muslija

Луис Енрике е познат како тренер кој останува верен на своите принципи и методи, па кога донесува одлуки за доброто на тимот, воопшто не гледа каква фудбалска ѕвезда има пред себе.

Тоа го покажа на дело и со францускиот репрезентативец Усман Дембеле, бидејќи најпрво реши да го отстрани од тимот за дербито со Арсенал во Лигата на шампиони поради недисциплина, за потоа казната да ја продолжи со неколку натпревари на кои беше резерва.

Усман се врати во стартниот тим на дербито против Лион изминатиов викенд и беше стрелец на еден од трите гола во победата од 3:1, а по натпреварот, на француските новинари им испорачал неколку зборови за неговиот ладен однос со тренерот.

Луис Енрике во најавата за дербито самиот нагласи дека имаат само професионален однос со крилниот напаѓач, кој во свој стил реши да возврати на зборовите на тренерот.

– Како што кажа тренерот на прес-конференцијата. Ниту ми е татко, ниту сме браќа. Имаме класичен однос тренер-играч. Правиме се што е во наша моќ за доброто на ПСЖ. Се обидуваме тимот да расте, да освојува трофеи, да игра добро и да му се допадне на целиот свет, – вели Дембеле.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk