6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Dell го претстави својот прв 40-инчен ултраширок монитор

Најчитани вести

Компанијата Dell го претстави својот прв 40-инчен, ултраширок и закривен монитор, дизајниран за деловни корисници и креатори на содржини.

Закривениот Dell UltraSharp 40 Curved WUHD (U4021QW) дисплеј има резолуција од 5120 x 2160 пиксели, така што е значително поширок од стандардните 4K дисплеи, но не премногу како некои гејминг модели. Во исто време, мониторот може да прикаже 4K видео (3840 x 2160), со приказ на контролите на видео апликацијата одстрана.

UltraSharp 40 нуди широк спектар на приказот на бои, иако Dell не споменува поддршка за HDR. Исто така, постои можност за 90W полнење за PC преку Thunderbolt 3, како и брз пренос на податоци со USB 10Gbps и RJ45 интернет.

Закривениот WUHD Dell UltraSharp 40 дисплеј ќе се појави на пазарот од 28 јануари, со цена од 2.100 долари.

Компанијата спомена и 4K Interactive Touch монитор од 55 и 65 инчи, со 20-point „InGlass“ touch можности. Овие модели овозможуваат повеќе корисници истовремено да пишуваат или цртаат во реално време без застој, а можно е и да се одмораат дланките на екранот благодарение на новата palm-rejection функција. Цената за овие монитори не е објавена, но во продажба ќе се најдат од 30 март.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com