Home » Дела Фуенте го објави списокот на Шпанија: последниот филтер не го минаа Кубарси, Љоренте и Гарсија

Дела Фуенте го објави списокот на Шпанија: последниот филтер не го минаа Кубарси, Љоренте и Гарсија

by Lina Muslija

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави конечниот список за Европското првенство. Изборот на Де Ла Фуенте покрена расправа во Шпанија, бидејќи го остави дома талентираниот дефанзивец на Барселона, Пау Курбаси. Покрај него од поширокиот список отпаднаа универзалецот на Атлетико Мадрид, Маркос Љоренте и капитенот на Џирона Алеиш Гарсија кој зад себе има брилијантна сезона.

Шпанците до почетокот на континеталниот шампионат ќе полемизираат околу изборот на селекторот, кој пред неколку дена го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Шпанија до 2026 година.

Впечатокот е дека Шпанците се „тенки“ во одбраната, каде главни играчи треба да бидат Французите со шпански пасоши. Робин Ле Норман од Реал Сосиедад и Ајмерик Лапорт од Ал Наср.

Изненадување е што меѓи патниците се Марк Кукуреља кој имаше лоша сезона во Челси, а со добри сезони не можат да се пофалат ниту напаѓачите Феран Торес (Барселона) и Ајозе Перез (Бетис).

Списокот на Шпанија за ЕП:

Голмани: Унаи Симон (Атлетик Билбао), Давид Раја (Арсенал), Алекс Ремиро (Реал Сосиедад).

Одбрана: Дани Карвахал (Реал Мадрид), Хесус Навас (Севилја), Ајмерик Лапорте (Ал Наср), Робин Ле Норманд (Реал Сосиедад), Начо (Реал Мадрид), Даниел Вивијан (Атлетик Билбао), Алекс Грималдо (Баер Леверкузен), Марк Кукуреља ( Челзи).

Играчи од средниот ред: Родри (Манчестер сити), Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Микел Мерино (Реал Сосиедад), Фабијан Руиз (ПСЖ), Педри (Барселона), Алекс Баена (Виљареал), Фермин Лопез (Барселона).

Напаѓачи: Феран Торес (Барселона), Дани Олмо (Лајпциг), Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Алваро Мората (Атлетико Мадрид), Хоселу (Реал Мадрид), Микел Ојарзабал (Реал Сосиедад), Ламин Јамал (Барселона), Ајозе Перез (Бетис).

Шпанците се во најтешката група на ЕП, во која се и Хрватска, Италија и Албанија. Првиот натпревар ќе го одиграат на 15 јуни во Берлин против Хрватска, а потоа следуваат натпреварите со Италија (20 јуни) и Албанија (24 јуни).

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More