Home » Дел од земјотресите во Грција почувстувани во Гевгелија, Струмица и Битола

Дел од земјотресите во Грција почувстувани во Гевгелија, Струмица и Битола

by Журнал.мк

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево на 3.11.2024 година регистрираше серија на земјотреси чии епицентри припаѓаат на територијата на Грција, соопштија од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, два од земјотресите се почувствувани на територијата на Македонија и тоа:

земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk