Поради магла е отежнат авиосообраќајот на Скопскиот аеродром. Според информацијата на сајтот на Меѓународниот аеродром Скопје, дел од летовите се одложени или пренасочени.
Според информации од веб страницата на Скопскиот аеродром, вчеравечер бил откажан летот од Истанбул, додека летот од Цирих бил пренасочен.
Според информациите од сајтот, вчера по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава исто така не успеал да слета на Скопскиот АЕРОДРОМ.