Дел од биолошката терапија, два лека кои пациентите ги чекаа десетина дена пристигнаа на Клиниката за радиотерапија и онкологија, другиот дел од терапијата се очекува да стигне до крајот на неделава и почетокот на следнатата. Станува збор за биолошката терапија која се набавува со потпишување на анекс на постоечките договори.
„Работиме заедно со Фондот за здравствено осигурување за обезбедување законска процедура на јавна набавка и се надеваме дека сето тоа ќе заврши во најдобар ред и ќе имаме континуитет на снабдување и на нови количини на лекови следната недела“ изјави проф.д-р Игор Стојковски, директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија.
-Со кои веледрогерии се склучени анекс договори ?
Со повеќе веледрогерии бидејќи повеќе се дистрибутери, повеќе се да не ги именуваме.
-Дали меѓу нив е веледрогерија „ Д-р Пановски“ ?
Да, еден од договорите. Тоа се анекс договори на постоечките.
-Во колкава вредност се ?
Не сум сигурен колкава е вредноста во овој момент.
Дел од пациентите се жалат дека и покрај тоа што дошле од други градови не можеле да ја добијата биолошката терапија.
„Сопругата е тука пациент. Денеска требаше да прими терапија, биолошка заедно со хемотерапија. Рекоа дека биолошка немало и ќе прима само хемотерапија“ изјави Ерол Беќири, Гостивар.
На прашањето: Ви кажаа ли до кога е одложено ?
Беќири одговори: Не, не знаеме до кога ќе нема.
Според Стојковски се финишира и административната процедура за биолошката терапија која е обезбедена со донации која ќе пристигне наредната недела. Во интерес на пациентите тие ќе бидат информирани за пристигнување на истата. Со оваа количина на терапија се обезбедени пациентите до реализација на регуларната годишна набавка.