Фудбалерот на Вест Хем Јунајтед, Арон ван Бисака во иднина ќе настапува за репрезентацијата на Демократската република Конго каде веќе се најде и на списокот на повикани играчи за престојните предизвици.
Ван Бисака е роден во Англија, но има потекло од Конго и ќе ја искористи опцијата за промена на „фудбалското државјанство“.
Тој во минатото настапуваше за младинските категории на Англија, доби и повик во сениорската репрезентација по успешните настапи за Манчестер Јунајтед, но поради повреда никогаш не дебитираше. Подоцна не доби нов повик.
Ван Бисака нема да е единствениот фудбалер на Вест Хем Јунајтед кој ја променил репрезентацијата. Тоа претходно го направи и Мајкл Антонио кој сега настапува за Јамајка.