Со испитување на сведоци на предлог на Јавното обвинителство во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Пред малку пред судот сведочеше дедото на Вања и татко на Александар Ѓорчевски.
Сведокот законски не е обврзан да сведочи бидејќи е татко на обвинетиот, меѓутоа самиот истакна дека сака да сведочи.
Обвинителство
О – Како дознавте за тоа што се случило на 27.11.2023 година во врска со Вања?
З – Јас сум во постојан контакт со фамилијата, се јавив, мајка му на Сашо, мојата бивша сопруга плачеше, ме извести дека ја нема Вања.
О – Што ви кажа таа?
З – Плачеше и ми кажа дека ја нема Вања
О – Се слушнавте со Александар?
З – Во моментот не, јас го побарав да ми каже што треба да се ставам на располагање
О – Што ви рече Александар вас?
З – Ја нема Вања, детали не ми кажа, јас само се ставив на располагање
О – Вие преземавте некакви дејствија за да се пронајде Вања?
З – Не, јас сум пензионер
О – Александар Ве замоли да посредувате со некои контакти, да помогнете?
З – Да, да се јавам кај мои пријатели во земјата и странство кои мислел дека може да помогнат, да се најде некој траг за наоѓање на внука ми. Се јавив во Грција, да прашам, кај деловен партнер, дали има таму некаква информација
О – Гоце Трајковски го познавате вие?
З – Фамилија Трајковски сме кумови, уште од татко, дедо…
О – Гоце беше ли вклучен во некои дејствија откако ја нема Вања?
З – Во информациите кои ги имав од ќерка ми, фамилијата, знам дека и Гоце учествувал во истрагата.
О – Вие посредно добивавте информации за тоа што се случува?
З – Преку ќерката
О – Работеше ли Александар Ѓорчевски?
З – Како не, работел цело време, со прекини од два-три месеци, инаку работел во Фершпед, во Кометал и пак во Шершпед
О – Во периодот од 2008 до 2016 година работеше?
З – Не се сеќавам на годините, ама работеше цело време
О – Во периодот кога се случи настанот каде работеше Александар?
З – Не работеше никаде, тие два месеци
О – Од што се издржуваше?
З – Пензија од мене и мајка му, ние ако сме разведени секако сме во функција на децата и внуците
О- имаше ли проблеми со зависности Александар?
З – Да, беше на лечење, после тоа се ожени и тоа е тоа
О – Вас Ви беше позната состојбата за сопственоста на станот на Наум Наумовски Борче?
З – Во нивниот брак што поседувале, што имале, тоа е нивна работа, не знам јас
О – Се позавате со Љупчо Палевски, сте имале контакт?
З – не
О – познато ли ви е дали семејството на Зорица се ознавале?
З – не
ВКРСТЕНО ТУФЕГЏИЌ
Т – Можете ли да ни појасните каде сте биле деловен човек?
О – Сум работел во фирми кои на времето биле гиганти во Македонија, Интеримпекс, Кометал, итн.