Home » Дедото на исчезнатата Дуња откри детали – Биле на погреб кога исчезнала

Дедото на исчезнатата Дуња откри детали – Биле на погреб кога исчезнала

by Журнал.мк

Српските медиуми утрово пренесоа радосна вест дека исчезнатото две годишно девојче за кое беше активиран системот „Пронајди ме“, Дуња Марковиќ, е пронајдено.

Дедото на малата Дуња за српските медиуми кажа дека е прв пат да се случи вакво нешто во семејството.

– Благодарен сум што детето е најдено. Ова ми е најголема среќа. Мајката беше со мене на погреб, бабата ја чуваше, а и таткото беше дома. Мајката ми кажа дека Дуња ја нема кога се вративме од погреб, не можам уште да си дојдам на себе, вели Живослав Ранковиќ.

Се чуди како дете од две години отишло километар од дома. Открива дека родителите со детето отишле во болница во Ваљево.

Српски Телеграф пишува дека куче за спасување на планинската служба утрово ја пронашло двегодишната Дуња Марковиќ, која била премрзната, но во добра состојба. Детето цела ноќ поминало надвор, настинало, но е во добра здравствена состојба.

Девојчето исчезна во текот на вчерашниот ден околу 14 часот, пред зградата во која живее во градот Уб во западна Србија, на улица 8. Март бр.6.

Дуња има кафена коса, кафени очи и е висока околу 100 сантиметри, кога исчезнала носела сива тренерка и дуксер.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk