3.9 C
Skopje
Saturday, January 23, 2021

Дедо ограбил банка, по што ги фрлал парите на улица и викал „Среќен Божиќ“!!

Најчитани вести

Возрасен маж со бела брада и мустаќи ограбил една банка во Колорадо Спрингс во САД.

Украдените пари потоа возрасниот маж почнал да ги фрла по улица и на случајните минувачи да им посакува „Среќен Божиќ“, пренесува ББЦ.

Полицијата соопштила дека „возрасен белец“ на два дена пред Божиќ ја ограбил Академи банката за време на паузата за ручек.

Очевидци на настанот изјавиле дека белецот ја ограбил банката излегол на улица и почнал парите да ги фрла во воздух викајќи „Среќен Божиќ“.

Ограбувачот потоа седнал во блиското кафуле и чекал да биде уапсен.

ББЦ наведува дека минувачите ги собирале фрлените пари од улица и ги вратиле во банката.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести