Лотарија функционирала како приватна фирма на ДУИ, СДСМ само молчеле за криминалот, а со молчењето и со прикривањето, СДСМ се соучесници на криминалот на Артан Груби во Лотарија, порача ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ со Филипче, веќе 20 дена не се оградуваат од Груби и го поддржуваат криминалот. Новото раководство од третиот и четвртиот ешалон на СДСМ, кои се деца на Заев, се само продолжена рака и поддржувачи на криминалите на нивниот ментор. Затоа во СДСМ нема ништо ново, туку сѐ е како до сега. СДСМ е веќе прочитана приказна и нивното владеење со ДУИ заврши“, порача ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ не поддржува криминал и корупција и се бори против истото, порача партијата.