Home » Дебарската болница доби уринометар, донација на дебранка од САД

Дебарската болница доби уринометар, донација на дебранка од САД

by Журнал.мк

Општата болница со проширена дејност во Дебар, доби апарат за потребите на лабораторијата, донација на дебранка од САД.

– Нашата болница, поточно лабораторијата, доби уринометар, апарат со кој до денес не располагавме. Донација е на Нора Ќори од САД, ќерка на Демир и Фатима Папранику, наши сограѓани. Во име на вработените во болницата, особено во име на директорот Јетлумт Пашоли и секако граѓаните, искажуваме голема благодарност за хуманиот гест што дарителот го направи, рече Мерсим Колеци, секретар на установата.

Дебарските иселеници, кои живеат во САД во повеќе наврати ја потврдуваат нивната поврзаност со родниот град, со дарување на апарати, униформи за медицинскиот и техничкиот персонал, како и кревети, ќебиња и чаршафи.

Тие финансиски помагаат и во реализација на зафати за подобрување на патната инфраструктура, а дарители се и на средства за семејства во потешка социо-економска состојба.

Преку океанот живеат околу 17 илјади граѓани по потекло од Дебар и Центар Жупа. Жителите на двете општини со здравствена заштита ги покрива дебарската болница.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More