Home » Деаноски: Од прво место, трудот паѓа на второ во новото министерството за економија

Деаноски: Од прво место, трудот паѓа на второ во новото министерството за економија

by Журнал.мк

Законот за организација на работата на органите на државната управа се донесе без јавна дебата, без учество на синдикатите, без да се прашаат работниците, рече Трпе Деаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ, во вечерапната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Имаме министерства кои се претопуваат во други, отвораме четири нови министерства. Едно од најголемите прашања за нас е токму новото министерство за економија и труд. Досега имавме министерство за труд ио социјална политика, каде што трудот беше на прво место, а сега трудот е на второ место. Од она што во видовме во законот, од министерството за економија остануваат два сектора и два инспектората и доаѓа цел сектор на труд“, истакна Деаноски.

Нему, како што истакна, „не му се допаднало што новиот закон, новите измени на законот биле донесени во 2 часот и без консултација со синдикатите.

„Барем можевме да направиме еден состанок, да ги запознаеме вработените, да ги увериме дека нивните работни места нема да бидат загрозени. И ова што сега се случи, трудот да дојде на второ место, 700.000 работници да не знаеме како ќе биде понатаму. Дали ќе се вреднува трудот, дали економијата ќе биде на прво место, стопанството, бизнисот, дали ние ќе биде на прво место како работници во државата. Имаше некои најави што ги слушавме во јавноста дека економијата и трудот мора да бидат заедно, дека не смеат да бидат одделени. Ние не мислиме така“, изјави првиот човек на УПОЗ.

Тој даде и неколку примери за организација на секторот во соседството и пошироко.

„Ваков обид, економија и труд да бидат заедно, имаше во Србија пред неколку години и се направи, за подоцна да се вратат наназад. Не сум сигурен дали во Албанија останаа економија и труд заедно, меѓутоа имавме посета во ССМ на министерството на труд и социјална политика од Германија. Во Германија е труд и социјална политика, не е економија и труд. Во сите земји во регионот е труд. Или сам или и социјална политика. Не знам што точно ќе значи ова. Дали економско-социјалниот совет, тој трипартитен дијалог што го водиме цело време, ќе остане на исто ниво како што е сега, дали ќе бидеме вклучувани во измените за онаа наша библија што ја викаме – Законот за работни односи, каде што го подготвувавме пет години наназад со МТСП. Сега, дали ќе остане, дали ќе почнеме „Јово на ново“, меѓутоа нашето барање беше, го пративме и до мандаторот, дека треба да имаме самостојно Министерство за труд кое ќе се грижи за 700.000 работници, а не економијата и трудот да бидат заедно“, забележува Деаноски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More