Home » Де ла Фуенте: Не е нормално европски шампион да нема нов договор

Де ла Фуенте: Не е нормално европски шампион да нема нов договор

by Lina Muslija

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изрази жалење што сѐ уште никој од федерацијата не му понудил нов договор и покрај освоената титула на Европското првенство 2024. Селекторот останува под договор со младинската репрезентација.

Тој сѐ уште е на плата од 600.000 евра, а се шпекулираше дека ќе добие три пати поголема сума. Поминаа месеци, сега го плашат лажните ветувања.

– Не е нормално европскиот шампион да нема нов договор. Не знам дали истото би се случило и со Луис Енрике… Имав понуди, што е нормално со оглед дека сум актуелен европски првак. Не знам дали некогаш се случило вакво нешто во историјата, јас ги имам истите услови како кога бев промовиран од репрезентацијата до 21 година. Би било фер ако веќе потпишав нов договор – изјави Луис де ла Фуенте за Kadena SER и продолжи:

– Би сакал тоа да се реши за доброто на шпанскиот фудбал. Да донесе мир и стабилност. Разбирам дека има стравови и сомнежи за мојот договор. Немам ништо против да чекам да дојде друг претседател, но изборниот процес може да се одложи до декември. Ова мора да се реши пред крајот на годината – вели Де ла Фуенте.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk