Home » Де Хеа: Хеви металот ми помогна да бидам подобар голман

Де Хеа: Хеви металот ми помогна да бидам подобар голман

by Журнал.мк

Шпанскиот голман на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа вели дека хеви метал музиката му дава мотивација која е потребна на секој натпревар, и е посебен љубител на бендовите Slipknot, System of a Down и Bullet for My Valentine.

31-годишиот Де Хеа вели дека слуша и друга музика, со Френк Синатра како еден од омилените, но дека рокот му го дава вистинското расположение за мечевите.

„Тоа започна од детството, кога летата ги поминував со моите родители во Аликанте. Таму имаше некои дечки, постари од мене и тие слушаа ваква музика. Го сакам хеви металот и рокот и тој ме мотиивира. Slipknot, Avenged Sevenfold, System of a Down, Bullet for My Valentine. Но, го сакам и Френк Синатра и шпанската музика. Дали знам да танцувам? Па, не се движам најдобро бидејќи сум голем, но имам добра смисла за ритам. е сум како Мајкл Џексон, но пристоен сум“, вели Де Хеа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More