Home » Дејан Младеновски е нов директор на училиштето „Толи Зордумис“ во Куманово

Дејан Младеновски е нов директор на училиштето „Толи Зордумис“ во Куманово

by Журнал

Тој е дипломиран професор по географија, доаѓа од ОУ „Христијан Карпош“ од Куманово, каде работел како професор и ја извршувал функцијата помошник директор.

Новиот директор вели дека во наредниот периодoт ќе се фокусирам на обезбедување на подобри услови за учениците и вработените.

„Примарна цел ќе ми биде подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес, преку воведување на иновации и структурни промени кои ќе го збогатат самиот процес на учење и развивањето на потребните вештини на нашите ученици. За да го постигнам тоа, ќе посветам повеќе внимание на низа стратегии и активности. Првично, ќе се фокусирам на стимулирање и поддржување на професионалниот развој на наставниот кадар преку вклучување во разновидни образовни иницијативи и проекти. Понатаму, ќе се стремам кон интеграција на мултикултурни и мултиетнички аспекти во редовниот образовен процес, преку креирање на заеднички активности меѓу учениците. Врвен приоритет ќе ми биде креирањето на позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација, во пријатен и поттикнувачки училишен амбиент, каде секој ученик ќе се чувствува добродојден и поддржан. Секако, од голема важност ќе биде успешната соработката со родителите и локалната заедницата, бидејќи нивната вклученост е клучна за успешното функционирање на училиштето“, истакна Младеновски.

Тој доаѓа на место на досегашниот директор Милорад Јордановски, кој замина во пензија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More