Home » Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром

by Журнал.мк

Примопредавање на функцијата градоначалник утринава официјално беше извршена во Општина Аеродром. Поранешниот градоначалник, Тимчо Муцунски и заменик-градоначалникот Дејан Митески на работна средба го извршија примопредавањето.

Двајцата функционери ја потенцираа досегашната успешна соработка и истакнаа дека работата на Општината ќе продолжи непречено и во континуитет.

-Муцунски се заблагодари за досегашната соработка, притоа потенцирајќи дека Општината продолжува да ја води човек што и досега како претседател на советот давал важен и сериозен придонес во нејзиното функционирање и работење. Тој упати благодарност за поддршката и соработката до целиот тим и општинската администрација. Митески упати благодарност до Муцунски за придонесот за Општината и истакна дека соработката ќе продолжи и во иднина, информираат од Општината.

Тој најави континуитет во работењето и реализација на многу проекти кои ќе донесат подобар живот и подбра иднина во Аеродром.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More