Поранешниот репрезентативец на Хрватска, искусниот 35-годишник Дејан Ловрен кариерата ќе ја продолжи во соседството откако како слободен играч го засили грчкиот прволигаш Паок со кој потпиша двогодишен договор.
Поранешниот стопер на Динамо Загреб, Лион, Саутемптон, Ливерпул, Зенит и Лион се враќа на Балканот по 14 години поминати низ силите европски фудбалски првенства.