Самото присуство на првиот човек на НАТО, Марк Руте во земјава е јасен показател дека НАТО е со нас и дека Алијансата ќе ги брани сите нејзини членки доголку бидат нападнати, рече претседателката Гордана Силјаноска Давкова на заедничката прес конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во Скопје.
Запрашана дали сѐ уште е на ставот од пред неколку денови, кога по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност рече дека не гледа закани по безбедноста на нашата земја.








