Home » Давитковски: Уставен со времена мерка може да го стопира законот за локална самоуправа

Давитковски: Уставен со времена мерка може да го стопира законот за локална самоуправа

by Журнал.мк

Уставниот суд мора да реагира по допрен глас, да донесе времена мерка за стопирање на законот за локална самоуправа и да инсистира актуелната владеачка структура да спроведе регуларни избори за општините во кои градоначалници прават трансфер во извршната власт, изјави професор доктор Борче Давитковски, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма, за најавените измени на законот за локална самоуправа.

Спротивното, како што истакна, е противуставно од два аспекта и може да се реагира за загрозување на правото на граѓаните за локална самоуправа што е, нагласи тој, уставно загарантирано право и второ – ретроактивното дејство на законот.

„Прво, согласно уставот, член 114, право е на граѓаните да се организираат во локалните заедници и да избираат свои претставници. Не на политичките партии. Кај нас стана мода политичките партии да го супституираат тоа право што е на граѓаните и да кажат „тоа е наше право“ и сега кажуваат некои бенигни причини – „еве трошоци, ќе чини милион, два милиона евра, граѓаните ќе се малтретирале“. Да се разбереме, секоја демократија чини. Ако е така предвидено, така треба да биде. Тоа е една повреда на уставот, односно правата на граѓаните во локалната заедница се повредени. Они гласале за еден субјект кој што станал градоначалник и на тој субјект му дале мандат. Ако тој ја напушти градоначалничката функција, тоа значи дека треба да се распишат избори. Вториот аспект на повреда на уставот е дејството на законот. Согласно уставот, законите кога ќе се донесат, се применуваат во иднина, не ретроактивно, освен ако се поповолни за субјектите“, истакна Давитковски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More