Home » Давидовиќ: Ширум го отворија судството за политиката

Давидовиќ: Ширум го отворија судството за политиката

by Журнал.мк

Судскиот Совет e одамна зрел за реформи, но на каков начин?
Дали со интерпелацијата за пет членови, власта се обидува да го заобиколи зацртаниот патоказ?

„Удар во чело“ за професионализација или нова партизација?
Ќе има ли право преку промени со непочитување на правото?

„Ако еднаш го прекршите законот вие правни реформи не можете да спроведете, затоа што ќе го прекршите законот и наредниот пат, и тоа е нешто со години што се случува. Каков и да е законот, рековме и Судскиот совет кој заслужува да биде санкциониран за нивното работење, затоа што веќе се години се зборува за нивната одговорност и влезот на политиката“ изјави адвокатот Ѕвонко Давидовиќ.

Тој појаснува дека во мигот законот кој важи не дозволува на овој начин да бидат разрешени членовите на Судскиот совет. Има во законот точно кои се условите кои се шест, но не е еден од нив дека Собранието може да ги разреши. Тие може да дискутираат и разговараат за нивното работење, и да го усвојат или не Извештајот, и тоа е впрочем и интерпелацијата за нивната одговорност во нивното работење, стручноста и професионалноста, но останува нивната добра волја да поднесат оставка, по таквиот заклучок или извештај, или што и да биде донесено.

Според него од друга страна ќе го покаже моралниот и професионалниот кредибилитет на луѓето кои биле избрани од определeн орган, и кога тој исти орган не е задоволен, а членоповите да останат во истата фотелја, а органот кој ги избрал да не биде задоволен покажува каков морален и професионален кредибилитет имаат истите.

„Ширум го отворија судството за политиката, и ние сме свесни, дека ги слушавме и бомбите, начинот на којшто се бираа нашите судии. Што е онаа основно што нас ни се случи? Влез на политиката во сите сегменти на општествениот живот. На секои избори и промена на власт ние на ново ја градиме државата без никаков континуитет, традиција, без ништо да остане од она што било претходно. Еве бараме разрешување на состојбата и ситуацијата. Политиката во тој случај не може да каже „Ние ќе раководиме со судството“, кои се тие да раководат како извршна власт“ изјави Ѕвонко Давидовиќ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk