Home » Даути за предлог-законот за бранители: Борците на ОНА треба да се третираат на ист начин

Даути за предлог-законот за бранители: Борците на ОНА треба да се третираат на ист начин

by Журнал.мк

Собраниската Комисија за социјална работа, демографија и млади денеска повторно не одржа седница бидејќи претседателката на комисијата Илире Даути од редовите на Алијанса за Албанците не го прифати предлогот на пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска за дополнување на дневниот ред со предлог-законот за посебните права на бранителите и полициските сили.

Даути ја прекина седницата велејќи дека оваа тема е политичка и дека има спротивставени позиции.

„Повторно барате оваа точка да се стави на дневен ред, но ние имаме спротивни ставови. Темава е политичка, мора да се вклучат сите партии за да се разгледа. Имаме заедничка држава со мотото „Едно општество за сите“. Но, лошото е што не разбирате дека борците на ОВК треба да се третираат на ист начин како што предлагате во овој закон. Оваа дебата не е за овде туку за друго место“, рекла Даути пред останатите колеги пратеници на собраниската комисија.

Даути претходно неколку пати одбиваше да постапи по задолжението на претседателот на Собранието, Африм Гаши и да ја свика надлежната собраниска Комисија. Ова работно тело на Собранието, како матично, треба да ги разгледа предлог-измените на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, што ги предложи СДСМ и кои треба да се носат по скратена постапка.

Лидерот и пратеник на СДСМ Венко Филипче претходно рече дека се исцрпуваат сите ресурси Законот за бранителите да се најде на собраниска комисија, но не размислуваат за барање за разрешување на Даути. Вицепремиерот и член на ВЛЕН, Изет Меџити отворено коментираше дека Законот нема да помине во Собранието.

Предлогот, преточен во измени на Законот за посебни права на безбедносните сили, ги опфаќа семејствата на загинатите или починати припадници на Армијата и Министерството за внатрешни работи (МВР), како и на семејствата на загинатите во хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце во 2008 година, на загинатите припадници на МВР во авионската несреќа, кога загина и претседатот Трајковски, во хеликоптерската несреќа во Струмица во 2014 година, во Диво Насеље во 2015 година и на починатите и загинати во вршење на службени должности во периодот од 1991 до 2024 година.

Со измените се предлага и еднократното обесштетување од 80.000 евра да се исплаќа на еднакви делови на членовите на семејството, а доколку родителите се починати, рамномерен дел од надоместокот да добијат браќата, сестрите и другите наследници.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk