Home » Дарко Костадиновски избран за нов претседател на Уставен суд

Дарко Костадиновски избран за нов претседател на Уставен суд

by Журнал.мк

По осум обиди и гласања да се избере претседател, судиите по координација утрово одлучиле сепак да одржат седница на која за нов претседател е избран Дарко , кој ги добил потребните 6 гласа.

Претходно Осман Кадриу за кого и вчера се гласаше, но не доби доволен број гласови, се откажал од кандидатурата и судиите сега гласале само за Костадиновски.

Во четвртокот и петокот, пропаднаа шестте обиди да изберат нов претседател на Судот. Вчера судијката Ана Павловска Данева ја повлече својата кандидатура, но нејзината противкандидатка Татјана Васиќ Бозаџиева повторно не го доби потребното мнозинство.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More