Home » Дарко Билбиловски со песната „Мерак на душава” го отвора „Валандово фолк-фест 2025″

Дарко Билбиловски со песната „Мерак на душава” го отвора „Валандово фолк-фест 2025″

by Lina Muslija

Во присуство на голем број новинари, во градот на калинките во Валандово, денеска се одржа прес-конференција по повод овогодишното 38. издание на Валандово фолк-фест.

Место на настанот беше новата киносала која феноменално ја краси големиот мурал со ликовите на најпознатите валандовчани.

Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, изјави дека е презадоволен со изборот на новите фолк-песни, потенцијални хитови. Ќе слушнеме 22 песни од познати автори, а во интерпретација на: Блага Петреска, Смиља Митреска, Мишко Крстевски, Ефто Пупиновски, Драган Мијалковски, Драган Николовски-Даце, Сузана Гавазова, Блаж Маротов, Јованка Јо, а на фестивалот му се враќа по подолга пауза и Горан Тодоровски.

Додека трае гласањето за наградите од публиката и жирито, свој едночасовен концерт ќе има легендарниот Перо Христов кој сè уште е слушан со валандовскиот хит „Во црно вино утеха нема”. (Д.М.)

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk