Home » Данска ќе потроши над 600 милиони долари за поморска одбрана во Балтичко Море

Данска ќе потроши над 600 милиони долари за поморска одбрана во Балтичко Море

by Журнал.мк

Данска ќе потроши околу четири милијарди круни (околу 614 милиони американски долари) за изградба на 26 воени бродови наменети за патролирање, одговор на нафтени излевања и надгледување на подводни кабли, соопшти министерот за одбрана Тролс Лунд Поулсен.

Данска ќе потроши околу четири милијарди круни (околу 614 милиони американски долари) за изградба на 26 воени бродови наменети за патролирање, одговор на нафтени излевања и надгледување на подводни кабли, соопшти министерот за одбрана Тролс Лунд Поулсен.

Земјите што излегуваат на Балтичкото Море се во зголемена готовност по серија прекини на електроенергетски, телекомуникациски и гасоводни мрежи по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, вклучувајќи ја и саботажата на гасоводот „Северен тек“. Русија ги отфрла обвинувањата дека стои зад тие инциденти.

НАТО го засили присуството во регионот со фрегати, авиони и морски беспилотни летала. Една од клучните безбедносни закани во Балтикот е т.н. „флота во сенка“ – бродови што Русија ги користи за трговија со нафта, оружје и жито спротивно на западните санкции.

– Заканите на море денес се различни и многу посериозни од пред само неколку години. Особено мораме да реагираме на заканите од Русија, додека технолошкиот развој напредува со невидена брзина“, изјави Поулсен. „Со овој поморски план започнуваме итни јавни набавки, што е прв чекор за зајакнување на одбраната на Данска од поширок спектар на закани, додаде тој.

По повеќе од една деценија на кратења во буџетот за одбрана, минатата година Данска одвои 190 милијарди круни (29,16 милијарди долари) за модернизација на војската во следните десет години. Целта е пред сè заштита на подводните кабли и енергетските цевководи, како и засилување на одбраната од потенцијални руски закани во данските води.

Покрај 26-те нови пловни објекти, Копенхаген ќе набави и беспилотни летала и сонарни системи за набљудување и идентификување на подводни активности, соопшти Министерството за одбрана. Данската влада соопшти дека има намера голем дел од бродовите да бидат изградени во земјата, во соработка со НАТО-сојузниците, но не објави дополнителни детали.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk