Home » Данок на солидарност треба да плати уште една компанија во износ од 6.226.962 денари

Данок на солидарност треба да плати уште една компанија во износ од 6.226.962 денари

by Журнал

Уште една од вкупно осум компании кај кои Управата за јавни приходи (УЈП) спроведува присилна наплата на данок на солидарност, треба да ги подмири обврските од главниот долг и преостануваат за исплата уште шест милиони денари.

-Компанијата е од дејноста трговија со дрва, градежен материјал и санитарна опрема, ги платила каматата и еднократната такса за присилна наплата и има почнато со плаќање на главниот долг, а останува да плати уште 6.226.962 денари, информираше денеска на брифинг со медиуми директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

Од 156 компании кои имаат поднесено даночен биланс за данок на солидарност, со обврска за плаќање од 3.029.429.379 денари, во законскиот рок платиле 149 компании, а по истекот на рокот УЈП почнала постапка за присилна наплата кај осум даночни обврзници и кај седум е веќе завршена.

За Месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН) уплати за ноември 2023 година кои се обработени на 12 јануари годинава за вкупно 540 530 вработени лица, прифатени и неплатени конечни пресметки има за 3.189 работодавачи кои се однесуваат на 7 713 вработени. Неподнесени и неприфатени пресметки согласано законски рок има кај 5.376 работодачи за 7835 вработени.

Лукаревска соопшти и дека Еуроникел за кои за 2 февруари е закажана предстечајно рочиште, согласно наодот по основ на данок на добивка повторно ќе бидат во добивка.

-За август лани имаат барање за поврат од 67 милиони денари, за септември 64 милиони, за октомври 25 милиони, а за ноември два милиона. За сите овие месеци имаме направено контрола во Еуроникел со цел да ја видиме основаноста на повратот. Парелено со тоа имаме спреведено контрола по основ на данок на добивка. Наодот по основ на данок на добивка го пребивме со повратот што го бараат. Согласно наодот по основ на данок на добивка врз основа на тоа се зголемува и пресметката за МДД, односно месечните даночни актонтации и врз основа на тоа ќе бидат повторно во добивка, рече Лукаревска, посочувајќи дека неколкупати разговарала и со Синдикатот за да се објасни состојбата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More