Home » Данела Арсовска утре ќе се промовира во претседател на Нова алтернатива

Данела Арсовска утре ќе се промовира во претседател на Нова алтернатива

by Журнал

Наместо формирање на нова партија, како што најави, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе ја презеде партијата Нова алтернатива, како нејзин нов претседател. На настанот закажан за утре во 18 часот, Арсовска повикува на конвенција. Партијата Нова алтернатива во 2007 година ја основаше Ѓорги Оровчанец.

Партијата Оровчанец ја основаше во периодот, кога како член на ВМРО-НП стана пратеник во Собранието, а една година подоцна Парламентарните избори, партијата влезе во коалицијата на СДСМ и доби едно пратеничко место. Нова алтернатива во 2016 година повторно стана дел од колаицијата на СДСМ за изборите и во следните во 2020 година. Основачот Оровчанец во 2001 година во владата на Љубчо Георгиевски ја вршеше функцијата министер за здравство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk