Home » Дали сте го забележале ова во апликацијата „Google Maps“: Може да биде многу наметливо, дури и опасно

Дали сте го забележале ова во апликацијата „Google Maps“: Може да биде многу наметливо, дури и опасно

by Журнал.мк

„Случајно“ огласување во „Google Maps? „Google“ вели дека тоа не е новост, но за корисниците е. И впечаток е дека може да биде многу наметливо, иритантно, па дури и опасно.

Ентони Хигман, корисник на „Google Maps“, прв ја забележал и објавил информацијата за новиот формат на огласување на социјалната мрежа „X“. Во текот на возењето кон Атлантик Сити, на Хигман на екранот му се појавило известување со опции „cancel“ и „Add stop“, сугерирајќи му да оди до блиската бензинска станица на ланецот „Royal Farms“.

„Проверете го овој неверојатно нов формат на реклами во апликацијата „Google Maps”“, напишал Хигман на „X“. „Ги запишав упатствата за пат кон брегот, и кога минував покрај оваа бензинска пумпа, излезе оглас за „Royal Farms“ со опција „додади”“. Тоа што посебно го загрижило Хигман е фактот дека не пребарувал ниту запишувал било какви поими во врска со гориво, храна или слични услуги.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More