Посетата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на нашата земја предизвика големо внимание во јавноста, особено по задолжувањето на нашата земја со заем од Унгарија.
Но, професорот Ѓорѓи Спасов, поводот за посетата на Орбан препорачува да се искористи за сосема друго многу важно прашање, а тоа е дали сега Орбан со промената на власта смета дека поранешниот македонски премиер и понатаму е изложен на политички прогон и не може да добие фер судње во Македонија.
– Кога веќе Орбан е тука, во пријателска посета мислам дека редно би било да се праша за азилот на Никола Груевски. Треба да знаеме дали Орбан и Унгарија и по промената на власта овде сметаат дека Груевски е изложен на политички прогон и му е даден азил затоа што Унгарија смета дека овде не може да добие фер судење, и што планира Унгарија понатаму со него.
Добро би било да дознаеме и зошто некои луѓе во Македонија беа судени за шпионажа во корист на Унгарија и каква е денес соработката на службите на тој план.
И на крајот, како тоа Орбан бил против разделувањето на Албанија и Македонија на патот кон ЕУ, а неговот амбасадор гласал за тоа да се случи – пишува Спасов на Фејсбук.