Home » Дали Нико Беќаровски ќе си замине од државна Токсикологија по хаосот кој го направи економската директорка на Клиниката

Дали Нико Беќаровски ќе си замине од државна Токсикологија по хаосот кој го направи економската директорка на Клиниката

by Журнал.мк

Познатиот клинички токсиколог и универзитетски професор Нико Беќаровски преку социјалните мрежи двосмислено во најава за можно заминување од јавното здравство. Објавата е откако вчера тој и уште неколку доктори од Клиниката за Токсикологија ја обвинија економската директорка Бесија Иљази за хаосот на клиниката за Токсикологија. Беше разрешен медицинскиот директор Даниел Петревски. Беќаровски пишува дека се откажува од борбата за јавното здравство откако министерството за стана на страна на економската директорка.

-35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кихот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте, пишува Беќаровски на ФБ.

Вработените и лекарите на Токсикологија сведочеа дека економската директорка која поради јазична бариера немала комуникација со универзитетските професори и со професионалниот кадар на клинииката, сакала да вработи 18 лица на кои им истекле договорите, а не дозволила вработување на двајца биолози и еден болничар. Беќаровски се обидел со директорката да комуницира на англиски јазик.

Беше откриен и случај кога вработен „прашувал“ дали може да смени урина во која бил откриен наркотик со чист примерок. За тоа повеќе на наредниот линк.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More