Home » Дали Kовачевски дозволил стратешко уништување на енергетскиот суверенитет ?!

Дали Kовачевски дозволил стратешко уништување на енергетскиот суверенитет ?!

by Журнал

Административните работи поважни од законите кои ја определуваат енергетската иднина на Македонија. Димитар Ковачевски не присуствувал на најважниот дел од владината седница на 16 јануари , кога се разгледувале законите за таканаречените стратешки инвестиции, со кои според предупредувањата ќе се загрози енергетската независност на државата. Според образложението од Ковачевски, средувањето на административно – техничките работи за поднесување на оставка во тој момент како прв човек на Владата била поважна од дискусијата за вакво важно прашање. На чело на масата  веројатно бил неговиот тогашен прв заменик Артан Груби кој е и потписник на законите .

Што се однесува на праќањето на законот, бидејќи тоа беше 16-ти кога јас практично не присуствував на целата седница со оглед на подготовките за поднесување на оставка од административни причини сигурен сум дека било донесено со потребните гласови и испратена во Собранието, но за сите други детали во инвстициите во однос на прибраните мислења, тоа можат оперативно да кажат кои учествувале , најдобро сите детали ќе ги кажат и Министерот за економија и вицепремиерот Фатмир Битиќи , јас од оваа позиција не би можел да се мешам , одговори Ковачевски.

И тука се отвора прашањето за моралната одговорност, како кога се одлучува за нешто што е толку важно за државата, премиерот сметал дека административно техничките работи се позначајни. Сепак Ковачевски  ги брани инвестициите. Во Македонија имало енергетски капацитети стари 45 години, а подобро било да ни ги обноват странци оти државата ќе требало да се задолжи.

Може државата да прави но, ќе се задолжи уште 1 милијарда, но ние само за камати над 250 милиони евра на годишно ниво и сеа уште кредити кога имате инвеститори кои сакаат да инвестираат во државата, вели Ковачевски.

Додека Ковачевски е убеден дека Владата ја донела најдобрата можна одлука, министерот за економија јавно кажа дека ќе бараа дообјаснување на законите и не се согласува со давањето на државна помош на веќе профитабилна компанија. Зошто не се земало предвид мислењето од Бектеши на владината седница засега е отворено прашање. На неговите предупредувања му контрира првиот човек на ТИРЗ со кој неретко ги прославуваа најавите за инвестиции – Јован Деспотовски.  Тој во последното интервју тврди дека договорот за закуп на капацитет помеѓу ЕСМ и Митилинеос, со кој практично се обврзуваме да ја купиме целата енергија што ќе ја произведат, никако не била државна помош.   Инаку во собраниска процедура се четири предлог закони под предзнакот „ стратешки“ од кој најконтроверзен е оној за изградбата на Когенеративната централа во Скопје. Проектот ќе чини 290 милиони евра за  изградба на централа во скопска „Железара“  со годишно производство на околу 1.150 GWh електрична базна енергија, за што според она што досега беше објавено веројатно сме прифатиле се што побарале.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk