И покрај постапките на Таравари, ВЛЕН се надева дека дел од АА ќе остане во коалицијата и во владата. Еден од нив, како што велат, е вицепремиерот Арбен Фетаи. Фетаи е делегиран од партијата на Таравари за одржување на комуникацијата со Влен во наредниот период.
„Во јавноста гледаме дека министерот Арбен Фетаи е гласот различен од некои постапки на претседателот на Алијансата. Посакуваме овој поинаков глас во Алијансата да биде силен и секако дека сè уште би сакале АА да биде дел од коалицијата Влен, дел од владата, но во ниту еден момент со елементи кои соработувале и продолжуваат да соработуваат и со ДУИ“, рече Билал Касами, ВЛЕН.
Фетаи во текот на последните неколку дена, и покрај критиките во односот Влен-АА и обратно, изјави дека нема да ги навреди оние кои ја донесоа промената и дека останува посветен на искоренување на секоја општина од погрешното владеење на ДУИ.
„…дали ВЛЕН беше надеж? Да, без ни најмало двоумење. Тоа беше храбар национален проект кој ни докажа дека да, Албанците можат да се обединат против заедничкото зло. Сè уште верувам. Верувам дека Алијансата за Албанците ќе остане лојална на својот пат – патот на Арбер, достоинството и храброста. И верувам дека со взаемна волја можеме да ја најдеме формулата за ослободување на секоја албанска општина од лошото владеење на ДУИ. Тоа е нашата мисија. За оваа мисија, ќе продолжам да се борам, без да ги навредувам оние со кои донесовме промени,без да наведнам глава“, рече Арбен Фетаи, Алијанса за Албанците .
Влен смета дека АА има и други луѓе кои сакаат и ќе останат на нивна страна, без оглед на одлуките на лидерот на партијата.