ВМРО-ДПМНЕ сериозно пристапува во делот на коалиции пред престојните локални избори, рече пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска во „Дејли Клик“ на ТВ21.
„Во однос на тоа кога ќе бидат постигнати договори ние како партија ќе излеземе ќе ја информираме јавноста како ќе настапиме. Сериозна одговорност имаме во овој период, и локалните избори ќе бидат сериозен индикатор и за поддршката на владата, и затоа постапуваме многу внимателно има сериозни разговори во рамките на коалиционите партии, но и поединечно на делот на градоначалници каде што имаме коалицини партнери како што е Максим Димитревски, кој е градоначлник а воедно и е лидер на коалициската ЗНАМ и верувајте имаме многу конструктивен дијалог“, изјави Петрушевска.