Home » Дали Google станува полош ? Истражување за квалитетот на резултатите кои ги даваат најпознатите пребарувачи

Дали Google станува полош ? Истражување за квалитетот на резултатите кои ги даваат најпознатите пребарувачи

by Журнал

Ново истражување поврзано со интернет пребарувачите, ни открива каква е нивна состојба изминатите години. Ако сте имале впечаток дека резултатите кои ги прикажуваат Google и другите, не се баш квалитетни како што беа порано, во право сте.

Истражувањето е направено на пребарувачите Google, Bing и DuckDuckGo, а истото траело една година во која се направени 7.392 пребарувања.

Тоа што може да се истакне како ограничувачки фактор во заклучокот на истражувањето е тоа што истото е направено во главно на рецензии на производи, односно истражувачите тоа го пребарувале. Дали врз основа на тоа може да се генерализира и за останатите видови на пребарувања, не знам, но можете самите да го донесете тој заклучок врз основа на вашето искуство.

Заклучокот на истражувањето е дека резултатите кај интернет пребарувачите се полни со содржина која е специјално прилагодена за добар SEO, но со доста низок квалитет. На тоа треба да се додаде и огромниот број на содржина која е спонзорирана, односно статиите се напишани со партнерски линкови во нив.

Иако поголемиот дел од содржината на интернет не е од ваков тип, на интернет пребарувачите тие го претставуваат мнозинството од резултатите, а има причина зошто е тоа така.

Големиот број на страни тактички ги прилагодуваат нивните SEO функции, а затоа тоа и е наречено од страна на истражувачите како „SEO Spam“. Тоа значи дека тие што стојат зад овие страни точно знаат како треба да ги прилагодат истите за да на некој начин го „измамат“ алгоритамот од пребарувачите и нивните статии да бидат поставени што погоре во резултатите.

Google се истакнуваат како најспособни во менувањето на алгоритамот за спречување на оваа практика, но прилагодувањето на „спамерите“ е редовно, па се добива еден вид на „мачка и глувче“ ситуација, како што истакнуваат истражувачите.

Оваа ситуација се очекува да биде влошена во периодот што следи, а во главно поради популарноста на генеративната вештачка интелигенција преку која ќе може уште побрзо и во поголем број да се генерираат и објавуваат вакви статии.

Целото истражување е достапно на овој линк.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk