Home » Дали ескалацијата во Украина ќе ја остави Македонија без гас?

Дали ескалацијата во Украина ќе ја остави Македонија без гас?

by Журнал.мк

Со над 3 милиони евра од буџетот ќе се покриваат сметките за парно греење на граѓаните за да остана исти како во јанаури. Поради високата цена на гасот на берзите, РКЕ одлучи да ја зголеми цената на топлинската енергија за 20 проценти, но оваа нема да биде вкалкулирано во фактурите на домаќинствата. Разликата од актуелната и реалната цена на парното ќе се покрие со пари од државаната каса. Претходно државата обезбеди 6 милиони евра за набавка на гас, кои Бег ќе ги врати следната година.

Одлуката е донесена на барање на снабдувачите со топлинска енергија БЕГ и Скопје Север поради енормното зголемување на набавната цена на природниот гас, која има доминантно влијание при утврдување на регулираниот максимален приход за вршење на дејноста. Имајќи ја оваа состојба во предвид, Владата како што знаете донесе одлука за прогласување на кризна состојба со топлинската енергија и предвиде мерки за да се избегне ценовниот шок за сметките за домаќинствата кои се греат на топлинска енергија да останат исти. Ова е практично принципот на солидарност за кој зборував, во време на енергетска криза, во овој случај Владата ќе преземе дел од товарот со цел да се заштитат потрошувачите и да немаат зголемени сметк, се вели во допсиот од РКЕ.

Но, пробемите со гасот може да се продлабочат поради руско украинската криза. Експертите предупредуваат дека , земјава може да остане без овој енергенс , ако дојде до сериозен конфликт меѓу двете држави. Македонските компании, ќе бидат принудени да користат друг енергенс, во спротивно нема да можат да работат.

Според Димитров, состојбата меѓу двете земји, може да ја искористи САД, со тоа што ќе се обиде да ја убеди Европа наместо руски, да користи американски гас,- опција која воопшто не е добра, затоа што освен што е поскап, тешко може да се транспортира.

Од Владата пак увеуваат дека состојбата будно се следи и ако дојде до проблеми, заедно со бизнис секторот ќе се бараат алтернативи.

Според проценките на експертите, цената на гасот нема да се стабилизра во слендите две до три години.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More