Според упатените блиски до двојката, одлуката на Афлек да се дистанцира од Лопез е многу веројатно поврзана со експлицитни видеа во кои наводно се појавува Џенифер Лопез, кои биле пронајдени во домот на раперот кога неговата вила била претресена од ФБИ за време на рација во март годинава.
Се откриваат се повеќе имиња на познати личности кои присуствувале на неговите јавни и приватни забави на кои биле носени малолетни девојки, но и млади мажи, а често се споменува и видео лента со „извесна млада поп пејачка“.
Медиумите пишуваат дека има информации кои сугерираат дека актерот одлучил да го прекине бракот со Лопез бидејќи видеата содржат компромитирачки материјал на познатата пејачка и се поврзани со нејзината поранешна врска со уапсениот рапер. Исто така, се шпекулира дека природата на снимката е доста штетна за угледот на Џеј Ло и е причината за разводот.
Наводно, уште во 2001 година, Лопез се обидела да го спречи објавувањето на приватното видео, што навело многумина да заклучат дека ова минато може повторно да се појави по апсењето на Диди. Џенифер, наводно, јавно го изразила своето незадоволство од ситуацијата, особено од наводните обиди на Диди да ја вовлече во минатите контроверзии. За сето тоа придонесоа тврдењата на поранешниот директор на музичката компанија и осуден криминалец Шуг Најт.