Home » Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција

Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција

by Журнал.мк

Даден е рок за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција, кој е осомничен за грабнувањето и двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски.

Палевски по распишаната меѓународна потерница беше фатен во турскиот град Беликесир, каде од декември е во екстрадициски притвор. Но, конкретен датум до кога тој би бил испорачан во земјава, министерот за правда Кренар Лога не соопшти.

„Ни дадоа некој рок. Како и да е јас не сакам да кажувам такви детали, бидејќи таа работа зависи од нив и не од нас’, рече Лога.
Лога уште еднаш повтори дека при неговата неодамнешна посета во Турција бил информиран дека процедурата во судовите е завршена, по што потпис треба најпрвин да стави министерот за надворешни работи, па потоа и министерот за правда. Очекува екстрадицијата да биде брзо спроведена.

„Значи нема друга комуникација официјална, освен тоа што веќе сите работи се затворени и сите постапки се на време. Неофицијално сме комуницирале и денеска значи од тука баравме информација дополнителна кога би била испораката на Палевски“, додаде Лога.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk