Home » Дачиќ: Лицето што го изврши терористичкиот напад е преобратеник од Младеновац

Дачиќ: Лицето што го изврши терористичкиот напад е преобратеник од Младеновац

by Журнал.мк

Утврдено е дека лицето кое го изврши терористичкиот напад е Милош Жујовиќ (25), религиозно име Салахудин, преобратеник од Младеновац, кој се преселил да живее во Нови Пазар. Во продолжение на акцијата полицијата ќе изврши претреси на повеќе локации. Сите наши сили се на највисоко ниво на подготвеност, рече министерот Дачиќ, соопштенија од МВР.

Официјални лица и дипломати на Амбасадата на Израел не биле во зградата во моментот на инцидентот кога бил нападнат жандармот, кој во самоодбрана го уби напаѓачот.

-Полицијата го истражува случајот. Немаме повеќе детали. Во моментот на настанот, Амбасадата беше затворена, а нејзините службеници и дипломати не беа во зградата. На ранетиот припадник на Жандармеријата му посакуваме брзо закрепнување, изјавија од израелската амбасада во Белград.

-Нападот врз припадник на жандармеријата, кој ја обезбедуваше амбасадата на државата Израел во Белград, истовремено е и напад на дипломатско-конзуларното претставништво на земја со која Србија одржува пријателски врски, но и напад на Србија, соопштија од српското МНР.

-Србија ќе има нулта толеранција кон тероризмот и секаков вид на екстремизам и ќе продолжи да гарантира неповредливост на странските мисии, согласно член 22 од Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Министерството за надворешни работи на Србија во оваа прилика е во комуникација со Министерството за надворешни работи на Израел и дипломатите на таа земја во Белград, на кои ќе им ја пружат сета потребна помош и поддршка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More