Home » Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на Османи

Дачиќ ја оцени како „дрска“ изјавата на Османи

by Журнал.мк

Изјавата на министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи дадена денеска, дека земјава ќе биде еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ ја оцени како „дрскост“ и го праша дали сака да поднесе резолуција за геноцидот на Србите во Јасеновац, заедно со Србија.

-Тоа е цинизмот што постои на нашите простори, дека е важно да се води антисрпска политика и уште на сето тоа не повикуваат да учествуваме во тоа. Дали треба да бидеме на страната на нацистите за да бидеме почитувани, рече Дачиќ на ТВ Б92.

Османи денеска во Скопје рече дека Македонија е еден од коспонзорите на резолуцијата со која се бара 11 јули да се прогласи за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница. Османи ги повика земјите членки на ОН, а особено Србија да ја поддржат таа резолуција.

За резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која треба да се најде пред Генералното собрание на ОН на 2 мај, Дачиќ рече дека документот ќе го предложат „најголемите геноцидни земји“.

-Зошто нема резолуција за германскиот геноцид врз Србите или турскиот врз Ерменците или врз Србите во Независната Држава Хрватска, рече Дачиќ, наведувајќи дека „Германија, Холандија и Белгија извршија геноцид врз милиони луѓе во Африка“.

Дачиќ рече дека оние кои го извршиле „злосторството во Сребреница“ треба да одговараат за тоа, но дека за Србија е „неприфатливо муслиманите да се единствените жртви на војната“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More