Home » Да се избегнат предвремени локални избори во неколку општини/ Пред да се формира Владата ќе се сменат неколку закони

Да се избегнат предвремени локални избори во неколку општини/ Пред да се формира Владата ќе се сменат неколку закони

by Журнал.мк

На првата седница што ќе ја закаже новиот претседател на Собранието Африм Гаши, уште пред да се формира Владата, ќе се најдат измени на закони со кои ќе се овозможи да се формираат нови министерства, да се трансформираат постоечки министерства, како и да се избегнат предвремени локални избори во неколку општини, зашто имињата на неколкумина градоначалници веќе се спомнуваат како дел од новата извршна власт.

Ова го изјави Гаши во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) кое ќе се емитува во недела на 2 јуни.

– Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет-шест месеци и после за седум-осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно – вели Гаши за РСЕ.

За да се изгласаат овие измени потребно е двотретинско мнозинство.

За градоначалниците на Гостивар Арбен Таравари и на Аеродром Тимчо Муцунски се шпекулира дека би преминале во извршната власт, а Блерим Беџети од Општина Сарај веќе си го зеде пратеничкиот мандат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More