Од денес со почеток во 18:30 часот, започнува продажбата на билети за натпреварот помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се одигра на 6 јуни во 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, како дел од квалификациите за Светското првенство 2026.
Билетите, како што известуваат од ФФМ ќе бидат достапни по цени од 300, 400 и 500 денари, а сите фанови и поддржувачи на македонската репрезентација можат да ги набават преку интернет платформата:
Процедурата за купување е едноставна:
- Посетете ја веб-страницата https://eticket.ffm.mk/
- Изберете го натпреварот
- Одберете го вашето место
- Направете уплата
- Преземете го дигиталниот билет
Ајде за Македонија! Повик до сите љубители на фудбалот да присуствуваат со спортски дух и коректно навивање да ја поддржат нашата репрезентација во борбата за позитивен резултат против една од најсилните селекции во светот.