Home » Дајте нѝ систем за одбрана од „Орешник“ – шефот на украинската дипломатија со барање до сојузниците

Дајте нѝ систем за одбрана од „Орешник“ – шефот на украинската дипломатија со барање до сојузниците

by Журнал.мк

Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибиха побара од партнерите на Украина да обезбедат напредни системи за противвоздушна одбрана кои можат да пресретнат балистички ракети со среден дострел, како што е рускиот систем „Орешник“. Тој ја обвини Русија за користење на ракети како „Орешник“ за уцена, истакнувајќи дека претседателот Путин се обидува да ги заплаши земјите кои ја поддржуваат Украина.

Сибиха апелираше до сојузниците на Украина да ја зголемат воената помош и да ја засилат противвоздушната одбрана на неговата земја, особено со системи кои можат да ги пресретнат овие ракети.

Руските сили на 21 ноември истрелаа ракета „Орешник“ врз Дњепар како одговор на наводната употреба на американски и британски ракети со долг дострел од страна на Украина врз цели на руска територија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk