Home » Д-р Соња Николова нова директорка на Институтот за радиологија

Д-р Соња Николова нова директорка на Институтот за радиологија

by Журнал.мк

Доктор Соња Николова е нова директорка на Институтот за радиологија, потврдија од Министерството за здравство.

Министер за здравство Арбен Таравари направи повеќе смени на директори на јавни здравствени установи, а најави уште неколку до крајот на неделава.

Доктор Игор Стојковски беше назначен за директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, доктор Андон Чибишев за директор на Клиниката за токсикологија, а поранешниот министер за здравство – Фатмир Меџити стана директор на Клиниката за неврологија.

Таравари на брифинг со новинарите рече дека до утре ќе знае кој ќе биде новиот директор на ГОБ „8. Септември“

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More