За здравството во последните седум години има само една констатација, тоа е во полукоматозна состојба, на апарати, рече на денешната прес конференција, Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта на СДС и ДУИ со лошо менаџирање го уназади здравствениот систем, особено јавното здравство. Не само што нема прогрес во ресорот што живот значи, туку имавме и враќање наназад за неколку децении. Изминатиов период сведоци сме на корупција, негативна селекција и непотизам. Од ветениот “ЌЕ” живот реализираа едвај 20 проценти. Зад себе по 7 години оставија само деградација на здравствениот систем, кадар кој е демотивиран од непотистичките и исполитизирани вработувања. Сведоци сме и на разрешувања и кардовски решенија без никакви критериуми односно чисто партиско влијание кое се определува врз основа на рок на некакви сертификати“, вели тој.