Home » Д-р Мехмедовиќ: Имаше манипулирање со брoјките на починати од ковид, тоа ќе се преразгледа

Д-р Мехмедовиќ: Имаше манипулирање со брoјките на починати од ковид, тоа ќе се преразгледа

by Журнал.мк

Вчера од ковид-19 имавме 22 починати и дополнително 12 починати од „Мој термин“. Во јавноста се шират различни шпекулации за тоа зошто се водат два регистра на починати. За што станува збор во денешен Утрински брифинг го прашавме д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести како советодавно тело на министерот за здравство.

-Се работи за регистер на починати на Министерството за здравство, кој не се води во реално време, туку се води по пријави од матичните лекари. Станува збор за бавна администрација и ништо повеќе од тоа. Сѐ може да се сокрие, но не може да се сокрие кога некој ќе почине, вели д-р Мехмедовиќ.

На прашањето зошто во Македонија има загрижувачки бројки на починати д-р Мехмедовиќ вели дека ќе бидат преразгледани сите бројки.

-Да, точно е дека имаше манипулација со бројките, но за ова ќе се разговара на Комисијата за заразни болести. Факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати, вели д-р Мехедовиќ

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More