Home » Д-р. Меџити и д-р. Чибишев – нови директори на Неврологија и Токсикологија

Д-р. Меџити и д-р. Чибишев – нови директори на Неврологија и Токсикологија

by Журнал.мк

Поранешниот министер за здравсто – Фатмир Меџити и екс пратеникот, д-р Андон Чибишев се новите директори на Клиниките за Неврологија, односно Токсикологија.

Ова денеска го соопшти новиот министер за здравство – Арбен Таравари.

„Назначен е и новиот директор и утре се надевам дека ќе започне. Професор Андон Чибишев е новиот директор на Токсикологија. Утре се надевам дека ќе назначиме и директор на Онкологија бидејќи таму решението за в.д. директорка е поминато од средината на јуни. Има и нов директор на Неврологија – бившиот министер за здравство, Фатмир Меџити“, информираше Таравари.

Инаку, д-р Чибишев е долгогодишен професор на Медицинскиот факултет, поранешен пратеник и екс директор на Клиниката за токсикологија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More